Милан се договорил со главниот тренер на тимот Стефано Пиоли за продолжување на договорот, објави „Калчомеркато“.
Според италијанскиот весник, договорот ќе биде потпишан откако извршниот директор на миланскиот клуб Иван Газидис ќе се врати од работен пат.
Договорот ќе биде со важност до 2024 година со можност за продолжување на уште една сезона. Платата на тренерот ќе биде 3,5 милиони евра годишно, плус бонуси. Актуелниот договор на Пиоли со клубот е со важност до јуни 2022 година.
По 12 кола во италијанското првенство, Милан освои 32 бода и се наоѓа на второто место во поредокот.