Членовите на британската рок-група „Пинк Флојд“ денеска преку официјалниот „твитер“ налог соопштија дека снимиле нова песна после период од 30 години, со цел да се даде поддршка на жителите на Украина.
Песната „Hey, Hey, Rise-Up!” е објавена пред десетина часа, а ќе се користи за хуманитарни цели поврзани со војната во Украина.
Во песната е вклучен е Андриј Хливниук, член на познатиот украински бенд „BoomBox“, со неговиот клип снимен на плоштадот „Софискаја“ во Киев што веќе е објавен преку Интернет.
Хливниук ја прекина светската турнеја за да се врати во Украина и да помогне во одбрана на татковината.
„Ние како и многу други, чувствуваме бес и фрустрација поради овој подол чин на агресија врз независна, мирна и демократска земја чиј народ е убиван од една од најголемите светски сили“, напишаа членовите на„Пинк Флојд“ на „твитер“.