Бритни Спирс го загуби своето бебе само неколку недели откако објави дека чека бебе со својот вереник. Таа ја потврди веста на Инстаграм.
„Со најголема тага објавуваме дека го изгубивме чудесното бебе во раната бременост. Трагедија е за секој родител. Можеби требаше да почекаме уште малку пред да се објави бременоста, но бевме премногу возбудени и ја споделивме веста. Нашата љубов е нашата сила. Ќе се обидеме да го прошириме нашето прекрасно семејство. Благодарни сме за вашата поддршка. Бараме приватност во овие тешки моменти“, напиша пејачката.
Обожавателите напишаа зборови на поддршка во нејзините коментари, а и нејзиниот вереник Сем Асгари изјави дека „наскоро ќе се случи ново чудо“.
Инаку, Бритни ги има синовите Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15).