Светислав Пешиќ ќе остане селектор на Србија уште една година.
Како што дознава „Меридијан спорт“, новиот претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС), Небојша Човиќ успеал да се договори со Пешиќ за продолжување на соработката.
Искусниот селектор претходно изјави дека не планира да продолжи да ја води машката селекција, но Човиќ по доаѓањето на чело на КСС изјави дека примарна цел му е да го задржи популарниот Кари.
Споменатиот портал додава дека Човиќ имал двајца одлични кандидати во случај да не биде постигнат договор со селекторот кој освои бронзен медал на Олимписките игри.
На крајот сепак беше постигнат начелен договор со Пешиќ да ја води Србија до крајот на Европското првенство во 2025 година.
Ваквиот исход ќе им даде повеќе време на Човиќ и неговите соработници да ја најдат најдобрата можна замена за Пешиќ по ЕП, а таа личност ќе има доволно време да се подготви за новата функција.
Текстот Пешиќ останува селектор на Србија е превземен од МАКФАКС.