Атлетико Мадрид стигна до гостинска 1:2 победа кај Рајо Валјекано во малото мадридско дерби, за да се доближат на два поени од второпласираниот Реал Мадрид.
Победата беше осигурана за две минути во првото полувреме, период во кој македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски двапати ја вадеше топката од сопствената мрежа. Прво Нахуел Молина во 22. минута стрелаше за 0:1, за само две минути подоцна Марио Ермосо за зголеми на 0:2. Ситуацијата стана потешка за Рајо кога Флоријан Лежон доби црвен картон во 62. минута од мечот, но Фран Гарсија со фантастичен гол во 85. минута ги направи последните минути супер-интересни.
Со петтата лигашка победа едноподруго, тимот на Диего Симеоне дојде на 57 поени, два зад Реал и удобни шест поени пред Реал Сосиедад. Рајо нема победа во шест меча, но останува на деветтото место со 37 поени./Makfax/