Несреќа се случила во словенскиот ски-центар Копе, кога петгодишно девојче од Хрватска се лизнало од жичара и паднало од висина од околу пет метри.
Таа била тешко повредена и со возило на Брза помош била пренесена во болница.
Нејзиниот живот не е во опасност, пренесува „24 часа“.
Девојчето се возело на жичара со уште две деца и едно возрасно лице кое ја придружувало. Додека се возела се лизнала под заштитната шина и паднала од висина од околу пет метри.
Полицијата прибира информации во врска со одговорноста на возрасното лице кое го ставило девојчето на жичницата, а се работи за сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Девојчето било дел од група деца кои го посетиле ски-центарот Копе организиран од спортски клуб.
Текстот Петгодишно девојче се лизнало од жичара во Словенија: паднало од висина од пет метри е превземен од МАКФАКС.