Иако пестицидите го штитат овошјето и зеленчукот од инсекти, ако храната не се измие добро, може да предизвика повраќање, дијареја и гадење,
Кога купуваме сезонско овошје и зеленчук, се прашуваме дали се испрскани со хемикалии или не. Дури и ако купуваме на маркети од познати, стари продавачи, побезбедно е секое овошје добро да се измие бидејќи пестицидите што се користат за нивно одгледување често можат да предизвикаат стомачни проблеми.
За да уживате во свежата храна од пазарот, еве неколку корисни совети што да правите пред да ги ставите на трпеза, пишува Информер.
Раствор на сода бикарбона
Со потопување на плодовите во раствор од сода бикарбона десет до 15 минути, а потоа со испирање под млаз вода, речиси сите остатоци од пестициди се отстрануваат од површината.
За да го направите растворот, растворете една лажица сода бикарбона во литар вода. Во оваа смеса потопете ги овошјето како домати, ротквици, јагоди и јаболка и оставете ги 15 минути.
Вода и оцет
За лиснат зеленчук, поефикасно и попрактично е да се користи раствор од вода со чаша оцет или сок од лимон. Оставете го да отстои 15 до 20 минути, а потоа исплакнете го секој лист под млаз вода. На овој начин можете да го измиете и младиот кромид, пренесува Net.hr.
Спреј за миење овошје и зеленчук
Истурете чаша вода и бел алкохолен оцет во шише со распрскувач, а потоа додадете една лажичка сода бикарбона. Почекајте да реагираат оцетот и сода бикарбоната, па затворете го шишето. Подоцна, попрскајте го зеленчукот со овој раствор. Пред консумирање задолжително исплакнете со ладна вода.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.