Мексиканецот Серхио Перез сепак би можел да вози за тимот на Ред Бул и следната сезона.

Неговата иднина беше предмет на шпекулации во последните месеци, но како што објави „Марка“, тој потпишал неколку нови спонзорски договори за 2025 година.

Весникот додава дека добил зелено светло од тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер да започне со рекламирање за следната сезона. Наводно Перес со спонзорите кои доаѓаат со него на тимот годишно му носи 30 милиони евра.

Ова се јасни индикации дека тој би можел да го одработи договорот до крај, односно до завршувањето на сеозната 2025.

Инаку, Перес во текот на летото потпиша едногодишно продолжување на договорот.

„Оние кои го сметаат за отпишан ќе мора да почекаат уште малку бидејќи има договор до 2025 година. Доколку не се случи нешто непредвидено во последен момент (што не е невозможно во Ред Бул), се чини дека тој ќе го одработи договорот“, објави „Марка“.

Веста доаѓа веднаш откако советникот на Ред Бул Хелмут Марко сугерираше дека иднината на Перез во тимот е далеку од сигурна.

Текстот Перес сепак ќе остане во Ред Бул е превземен од МАКФАКС.