Украина може да користи оружје доставено од САД за да пука кон руските сили кои ги напаѓаат украинските војници насекаде преку границата со Русија, не само на руска територија во близина на украинската област Харкив, соопшти Пентагон.
Минатиот месец претседателот Џозеф Бајден му даде зелено светло на Кијив да употреби оружје доставено од САД врз воени цели во Русија. Сепак, официјалните претставници тогаш рекоа дека одлуката на Бајден се однесува само на цели во Русија во близина на границата со украинскиот регион Харкив на исток.
Извор: МИА