Шеснаесет италијански градови се во состојба на црвен метеоролошки аларм поради екстремните горештини што се шират низ јужна Европа. Црвен аларм е вклучен и во туристичките места , вклучувајќи ги Рим, Фиренца и Болоња .

Рекордни температури се очекуваат на стариот континент од следната недела кога се очекува нов еден топлотен бран. Италија, Шпанија, Франција, Германија и Полска според прогнозите, би можеле да се соочат со екстремни временски услови.

Највисоката температура некогаш забележана во Европа е онаа од август 2021 година од 48,8 степени Целзиусови во Сицилија, а предвидувањата се дека слични температури може да се достигнат оваа недела.

Исто така, постојат стравувања и од ризик од пожари, особено во областите со силни ветрови.

Екстремниот топлотен бран што неодамна ги зафати САД, се очекува да се влоши за време на викендот, при што 90 милиони луѓе ќе бидат изложени на ризик, според Си-Ен-Ен, кој најавува дека повисоки температури би можеле да бидат забележани во западните региони.

Серија рекорди се поставени во САД од јуни, а други може да се постават овој викенд со температури што се очекува да достигнат 54 степени во Долината на смртта, Калифорнија, најжешкото место на земјата.

Топлотни бранови се забележуваат и во делови од Кина, Северна Африка и Јапонија.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека екстремните временски услови, како резултат на глобалното затоплување, стануваат „за жал новото нормално“.

Алсат