Педро Паскал присуствуваше на премиерата на втората сезона на „Последниот од нас“ во Лос Анџелес, а најголемо внимание привлече неговиот моден избор за црвениот тепих.
Познатиот актер се појави во чизми над колената, кои ги искомбинира со карирана сино-зелена јакна и кожени панталони.
Чизмите ги дизајнираше Ентони Вакарело, кој работи за луксузниот бренд „Сент Лорент“, а беа претставени на модна ревија одржана во Париз во јануари. На социјалните мрежи имаше бројни реакции за неговата облека, а многу дами го пофалија изгледот на Паскал.
„Сакам мажи кои не се плашат да ризикуваат“, „Храбар моден избор кој совршено му одговара“, „Тој е уникатен“, „Секоја чест што е храбар“, се дел од коментарите на „Икс“. Имаше и такви кои не беа воодушевени од неговиот избор, иако и покрај нивните мислења ја пофалија неговата „храброст да ги носи“.
Што мислите за неговата модна комбинација?
Текстот Педро Паскал се појави на црвениот тепих во високи чизми, жените го фалат неговиот избор е превземен од МАКФАКС.