Политичарите од ЕУ покажуваат „социопатско“ однесување во нивната желба да го спречат секој обид за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина, изјави американската претставничка во Претставничкиот дом, Ана Паулина Луна, обвинувајќи ги претставниците на ЕУ дека се „задоволни што ги испраќаат младите луѓе од двете земји во смрт ако тоа им служи на нивните сопствени интереси“.

„Ги гледам политичарите од ЕУ како ги осудуваат мировните преговори меѓу Русија и Украина, додека никој од нив не се бори на фронтот“, напиша таа.

„Тие се за бришење на цели крвни линии на руски и украински семејства. Тоа е социопатско“.

Во посебен пост, Луна му одговори на Марко Михкелсон, шеф на парламентарниот комитет за надворешни работи на Естонија, кој ја критикуваше конгресменката за нејзината средба со рускиот претседателски помошник Кирил Дмитриев минатата недела. Михкелсон ја обвини Луна, „инаку нормална личност од слободниот свет“, како што рече, дека станала „толку зависна од диктаторски начин на размислување“.

„Наивност? Пари? Глупост? Верување во теории на заговор?“, напиша тој.

Конгресменката возврати: „Со години, НАТО и ЕУ одбиваа да го платат својот фер дел – а сега сакаат ние да финансираме бесконечни странски војни? Нека ова биде предупредување: секој политичар, каде било во светот, кој бара другите да крварат додека седат безбедно зад говорницата, е несоодветен за функција, вклучително и ти, Марко Михкелсон“, напиша таа.

Фото: принтскрин

Текстот Паулина Луна: Политичарите од ЕУ покажуваат „социопатско“ однесување во желбта да го спречат секој обид за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина е превземен од МАКФАКС.