– Конзервативната исламска Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска официјално ја започнува својата кампања во пресретна на претседателските и парламентарните избори, закажани на 14 мај.

Advertisements

Опозициските партии веќе ги започнаа своите кампањи за изборите, кои се одржуваат во сенка на разорната серија земјотреси што го погодија јужниот дел на земјата, пренесува ДПА.

По 20 години на врвот на турската политика, првично како премиер, а потоа и како претседател, Ердоган (69) се соочува со тешка кампања, оценува германската новинска агенција.

Покрај наводите за лошо управување со кризата по земјотресот, земјата забележа годишна инфлација од околу 50 проценти.

Меѓу тројцата кандидати за претседател, шефот на централно-левичарската Републиканска-народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу (74), се смета дека има најдобри изгледи. Киличдароглу раководи со сојуз од шест партии.

Прокурдската ХДП, која има поддршка од околу 10 отсто од електоратот, не претстави кандидат. Ова се смета за индиректна поддршка за Киличдароглу.

Доколку ниту еден кандидат не обезбеди повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг на претседателските избори, ќе има втор круг на 28 мај.

Околу 60,9 милиони луѓе имаат право на глас во самата Турција, а дополнителни 3,3 милиони во странство. Големата турска дијаспора ќе може да гласа од 27 април