Фудбалерите на Парма ја совладаа Монца со 2:1, додека Џенова со истиот резултат го победи во Емполи.
Со натпреварите од 15 часот меѓу споменатите екипи и официјално започна 18. коло во италијанската Серија А, последно оваа година.
Парма не ги доживува баш најславните денови од својата историја, но за пофалба е што ја постигна четвртата сезонска победа, иако беше против инфериорната Монца, која е последна на табелата поредокот.
„Млекарите“ победија со 2:1, а стрелци беа Ернани во 56. минута од пенал и Валенти, кој ги реши сите прашања во 98. минута од натпреварот.
Единствен стрелец за гостинскиот тим беше Переира во 85. минута. Монца играше со играч помалку од 54. минута, кога Мари го доби вториот жолт картон.
Емполи беше домаќин на Џенова, гостите славеа со 2:1.
Гостите поведоа во 46. минута со голот на Бадељ, а Екубан во 68. минута зголеми на 2:0. Емполи успеа да го ублажи поразот и намали на 2:1 со голот на Еспосито во 74. минута.
Текстот Парма во 98.минута ја реши Монца, Џенова победи во Емполи е превземен од МАКФАКС.