Пратениците во парламентот на Финска денеска ќе започнат со обработка на одлуката на владата за членство на земјата во НАТО. Претседателот на Парламентот Мати Ванханен изјави дека станува збор за значаен чекор на Финска. На седницата ќе се расправа за владината одлука, а потоа ќе се одржи и седница на Комисијата за надворешна и безбедносна политика на која ќе биде презентиран предлогот врз основа на владината одлука. Парламентарните партии се очекува да дадат свои ставови за членството во НАТО. Премиерката и шефот на државата Сана Марин и Саули Ниинисто во заедничка декларација наведоа дека Финска треба да му се приклучи на НАТО за подобро да се справи со својата безбедност.