Парламентот на Грузија го отфрли претседателското вето на законот за „странски агенти“

Парламентот на Грузија денеска не ги прифати забелешките на претседателката Саломе Зурабишвили за „законот за странски агенти“ и со тоа го анулира нејзиното вето на законот, што предизвика политичка криза во земјата.

„Против“ ветото на претседателката Зурабишвили се изјаснија 66 пратеници, а за укинување на ветото беа потребни 50 гласа. Потоа пратениците гласаа за оригиналната верзија на законот, што беше поддржана од 84 пратеници, а „против“ беа само четворица. За анулирање на ветото беа потребни 76 гласа.

Законот за странско влијание предвидува медиумите и невладините организации кои повеќе од 20 отсто се финансираат од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Според критичарите, законот е премногу сличен на законодавството што го користи Кремљ за да ги замолчи противниците и дека ќе ја попречи кандидатурата на Грузија за членство во ЕУ.

На 14 мај грузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за „странски агенти“, а два дена подоцна Зурабишвили стави вето на законот. Контроверзниот закон предизвика и протести во Грузија.