реклама

Популарниот парк за кучиња во Монтреал го забрани лаењето на кучињата, а сопствениците би можеле да бидат казнети и до 2.000 канадски долари (1.375 евра) за прекршокот.

Локалните жители биле шокирани кога виделе знак на паркот за кучиња на раскрсницата на булеварот Жан Талон и Прованшер во населбата Сен Леонард во Монтреал кој ги известува дека нивните миленици не смеат да лаат. А ако го сторат тоа, казната е помеѓу 500 и 2000 канадски долари.

реклама

„Премногу е, навистина е премногу. Знам дека лаењето на кучињата ги плаши некои луѓе, но не е фер“, изјавила сопственичката на кучето Мелани Ричер за CTV News.

Портпаролот на општината Сен Леонард вели дека тие го презеле овој чекор за да ги намалат непријатностите што ги доживуваат луѓето што живеат во населбата каде што се наоѓа паркот за кучиња.

реклама

Минатата година, Градскиот совет на Атланта донесе нова уредба со која сопствениците на домашни миленици ќе ги казни со 150 долари (139 евра) доколку нивното куче лае повеќе од 10 минути.

реклама