
Францускиот првак Пари Сен Жермен одлучи Луис Енрике да биде нов тренер на тимот во претстојната сезона. Тој треба в среда да биде промовиран на новата позиција, а дотогаш ПСЖ официјално ќе се раздели со Кристоф Галтие, кој заминува иако имаше уште една година од договорот со клубот.
Галтие ќе добие отштета од 6 милиони евра, а Луис Енрике веќе го креира составот за новата сезона.
ПСЖ веќе договори две засилувања, Марко Асенсио кој доаѓа како слободен агент од Реал Мадрид и Мануел Угарте од Спортинг Лисабон.