Пулсирачки ритам, игра на бои – и големо ветување: Париз ги отвори 17-те Летни параолимписки игри со уникатно модерно шоу и прогласи револуција на инклузијата.
Единаесет денови околу 4400 спортисти од цел свет ќе се натпреваруваат во 22 спортови. „Докажано е дека мора да направиме повеќе. Пред 225 години Плас де ла Конкорд беше центар на француската револуција. Се надевам дека сега овде ќе скокне искрата на револуцијата на инклузијата. Да живее револуцијата на инклузијата!“, рече на отворањето на Параолимписките игри претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендри Парсонс во својот огнен говор.
На отворањето на игрите дојдоа околу 50.000 гледачи. За да се обезбеди пристапност за спортистите на авенијата Шанзелизе, традиционалните калдрма беше привремено покриена со тенок слој асфалт.
Извор: Дојче Веле