Руската новинска агенција ТАСС објави дека делот од воената парада во Москва, што се однесува на воздушните сили, а по повод Денот на победата, е откажана.

Advertisements

Откажувањето на парадата е резултат на лошите временски услови, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според локалните временски прогнози, во главниот град на Русија ќе има слаб дожд и ветер со просечна брзина, до 19 часот по локално време, пишува Би-Би-Си.

Пред само еден час властите изјавија дека демонстрацијата на воздушните сили во четвртиот по големина руски град Екатеринбург, исто така, нема да се одржат.

Прикажи повеќе