Папата Франциско изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, така што сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, со што ќе се зајакне единството меѓу верниците.

„Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот на Велигден заради единство. Ова е година на благодатта, можност за сите христијани кои веруваат во ист Бог, повторно да ги откријат заедничките корени на верата. Единството што сите сакаме да се случи“, рече pапата, пренесува италијански „Пресе“.

Годинава Велигден ќе се празнува на ист ден во Грегоријанскиот и Јулијанскиот календар, во годината кога се одбележува годишнината од Никејскиот собор.

„Го обновувам мојот повик оваа случајност да биде потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единството, околу заедничкиот датум за Велигден“, рече папата, пренесува медиумот.

Текстот Папата Франциско: Католичката црква за заеднички датум за Велигден е превземен од МАКФАКС.