Папата Лав денес апелираше за прекин на огнот во Газа и ги повика Израел и милитантите на Хамас „целосно да го почитуваат“ меѓународното хуманитарно право.
„Во Појасот Газа, интензивните плачења на мајки и татковци кои држат тела на своите мртви деца сè повеќе достигнуваат до небото“, рече поглаварот на Католичката црква за време на неговата неделна аудиенција на плоштадот Свети Петар.
„Го повторувам мојот апел до одговорните: запрете ги борбите“, рече папата.
„Ослободете ги заложниците. Целосно почитувајте го хуманитарното право“, додаде тој.
Папата исто така, повика на крај на војната во Украина.
Текстот Папата Лав: Плачот на мајки и татковци кои држат мртви деца во Газа достигнува до небото, запрете ја војната е превземен од МАКФАКС.