Сега е вистинско и крајно време да работиме со позабрзано темпо за зачленување на Република Северна Македонија и Република Албанија во Европската унија, смета поранешниот грчки премиер и шеф на дипломатијата Јоргос Папандреу.
Advertisements
Одговарајќи на новинарски прашања во рамките на Македонски енергетски форум 2022 што денеска и утре се одржува во Охрид, забележа дека кризата во Украина укажала на потребата за посилна политичка волја за отворање на процесот за члентво во ЕУ и зачленување на Северна Македонија и Албанија.
– Чекавме навистина предолго за да ја приближиме Северна Македонија и Западниот Балкан поблиску до ЕУ. Сега е вистинско време и крајно време е да работиме со позабрзано темпо. Оваа криза, особено кризата во Украина укажа дека во моментот потрбна е уште посилна политичка волја за отворање на ЕУ, односно отворање на процесот за члентво во ЕУ и зачленување на РСМ и Албанија, рече Папандреу, кој во својство на министер за надворешни работи на Грција ја потпиша т.н. Солунска декларација за иднината на Западниот Балкан.
Потсети за несогласувањата на двете држави, но дека сега се надминати, а истото го препорачува за надминување на блокадата од соседна Бугарија
– Имавме несогласувања во минатото. Нашите две држави, Грција и Северна Македонија, но со тешки политички жртви беа надминати. Истото би го апелирал, препорачал и со Бугарија, односно мора да водиме и навистина имаме една прекрасна заедничка иднина, рече Папандреу.