Професорот Пановски Никола, за ТВ Телма, во телефонски разговор изјавил дека првенствено го оценил како несоодветен начинот на обраќање преку Фејсбук и вели дека главен услов според него е да се укинат сертификатите за да биде дел од Комисијата.
Не треба министерот да ме назначува за советник, јас сум на располагање 24 часа под услов сето тоа да биде бесплатно бидејќи сум рекол дека за пандемијава ќе работам волонтерски. Ако гледаме колку трае ситуацијата со омикрон, сигурно 30 денови по 10.000 заразени, сигурно веќе 300.000 луѓе ја поминале болеста, така што мислам дека уште еден месец и населението во Македонија ќе го помине вирусот, па ако не се јави некоја нова мутација – ќе има релативно мал број на случаи околу 500 во март, а ако е смртноста помала како што е случај тоа со омикрон, тогаш тоа би било подносливо и не би личело на епидемија туку повеќе на ендемија – вели проф. Пановски за Телма.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.