Лице заразено со новиот вид на коронавирус, попознат како омикрон, било на голем концерт во саботата, соопшти денеска данската управа за безбедност на пациенти.

Advertisements

Лицето било едно од 1.600-те луѓе кои присуствувале на концертот на данскиот диџеј, Мартин Јенсен, во Алборг, град на северот на земјата, јавува Ројтерс.

Данска веќе потврди четири случаи на новиот вид омикрон, од кои сите патувале во Јужна Африка.

Прикажи повеќе