Корисниците ширум светот известуваат дека апликацијата на „Мета“, Инстаграм „паднала“ и не функционира нормално.
Како што е објавено, корисниците не можат да гледаат, објавуваат и лајкуваат објави.
Прекинот ја погоди платформата во сопственост на Мета попладнево, при што многу корисници наведуваат проблеми со апликацијата, News Feed и најавување на сметки.
Пријавени се проблеми во САД, ОК, Европа, Азија и други делови од светот. Корисниците на сајтот за пријавување проблеми известуваат дека дури 71 отсто од корисниците имаат проблеми со апликацијата, од кои 12 отсто не можат да се логираат на својот профил.
Наскоро повеќе…