Корисниците од целиот свет пријавуваат дека имаат прекин во користење на Гугл, Снепчет и други платформи, објави Ројтерс.
Неколку апликации за социјални медиуми и интернет услуги, вклучително и Google Cloud (GOOGL.O), Amazon (AMZN.O), Snapchat (SNAP.N) и Spotify (SPOT.N) беа во прекин.
Spotify објави дека е свесен за „некои проблеми во моментов и ги проверува, откако повеќе од 50.000 корисници пријавиле дека се соочуваат со проблеми.
Многумина Snapchatters имаат проблем со користење на апликацијата. Работиме на поправката. Во меѓувреме, препорачуваме да останете најавени“, се вели во твитот за поддршка на Snapchat.
Прекинот следи по шестчасовниот прекин на Фејсбук, сега Мета, минатиот месец по неисправните промени во конфигурацијата на рутерите на компанијата за социјални медиуми.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.