Актерката Ева Лонгорија (47), позната по улогата на Габриела Солис во серијата „Очајни домаќинки“ ги воодушеви сите на Канскиот филмски фестивал.

„Џебната Венера“ се појави на проекцијата на Топ Ган: Маверик во долг фустан со огледала и го украде целото внимание!

Фустанот без рамена, кој е дело на дизајнерката Кристина Отавијано, одлично ги истакна градите на Ева со умерено длабоко деколте, а кројот кој ја следи линијата на телото ја покажа нејзината извајана фигура.

Убавата актерка со овој ефектен фустан носеше сребрени сандали, а фризурата беше исклучително едноставна – горниот дел од косата и беше подигнат во опавче. Лонгорија ги истакна очите со темна шминка и на тој начин постигна шик изглед.