Оцука: Руските напади врз болниците, школите, критичната инфраструктура не само што ги уништуваат животите на украинците, туку и се закануваат на нивната иднина

Амбасадорот на Јапонија, H. E. Казуја Оцука, во обраќањето на Конференцијата „Украина- години на хероизмот“, истакна дека пред две години русија ја започна бруталната агресија врз Украина, при што изрази поддршка и сочувствува со украинскиот пријатели и неговите колеги во Украина, особено поради искуствата кои ги осетил самиот при посетата на Украина, слушајќи ги алармите кои свиреле и дење и ноќе.

Во осуда на рускиот напад врз Украина кои ги прекршува меѓународните закони и повелбата на ОН, амбасадорот истакна дека територијата и суверенитетот на Украина мора да бидате почитувани, Секој обид унилатерално да се смени статус-квото со сила не смее да биде признаен никаде во светот.

Многу граѓани го изгубија својот живот во Украина, или беа ранети, руските напади врз болниците, школите , критичната инфраструктура не само што ги уништува животите на украинците, туку и јсе закануваат на нивната иднина, нагласи јапонскиот амбасадор.