56-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во саботата рано наутро, на кружниот тек од улиците „15-ти Корпус“, „Железничка“, „7 Ноември“ и „Ристо Чадо“ во Охрид.

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила на 12 јули 2025 година во 06:40 часот, кога товарно патничко возило „Рено“ со охридски регистарски таблички, управувано од О.Ф. (53) од село Лескоец, удрило во велосипед управуван од В.Л. (56) од Охрид.

Велосипедистката со сериозни повреди била пренесена во Општата болница во Охрид, каде што ѝ била укажана медицинска помош и ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Охрид, а се работи на целосно расчистување на случајот.

Текстот Охриѓанка тешко повредена откако ја удрило комбе додека била на велосипед е превземен од МАКФАКС.