Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.

Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.

По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.

Текстот Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома е превземен од МАКФАКС.