Болницата во Охрид полнa со ковид пациенти. Значително зголемен е бројот и на амбулантни прегледи. Моментално 43 пациенти со корона се хоспитализирани, поголемиот дел од нив се возрасни луѓе и имаат и други коморбидитети.
Помладите кои ги преплавуваат амбулантите пак претежно развиваат симптоми слични на грип велат од болницата. Заболени од ковид има и кај медицинскиот тим, па пациентите се опслужуваат по модел на ротација.
Уморот кај здравствените работници е голем, а дополнително од почетокот на пандемијата досега многу често лекарите од охридската болница се мета на психичко и физичко малтретирање. Само пред две недели пациент ја фати за врат докторката инфектолог од болницата оти не можел повеќе да чека на ред.
Директорот Балевски вели лекарите работат во страв, а државата мора да изнајде начин како да ги заштити.
Во охридската болница освен охриѓани се лекуваат пациенти од цел регион Дебар, Ресен Битола. Годишно се прават по стотици операции и породувања. Најголем проблем и понатаму е недостигот на педијатри, иако и во другите одделенија недостигаат медицински работници.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.