Филипе Кутињо и Џерард повторно ќе соработуваат, откако Барселона ја прифати понудата од Астон Вила за шестмесечна позајмица на креативецот од Бразил.
Кутињо догбро се познава со менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард со кого заедно играа во Ливерпул.
-Мислам дека прекарот „Магионичар“ не се добива ако не сте специјален фудбалер, вели Џерард по потврдата за ангажманот на Кутињо.