Легендарниот украински ас, Андриј Шевченко и официјално е назначен на нов тренер на италијанскиот прволигаш Џенова.
Калчолигашот одлучи да ја прекине соработката со Давиде Балардини поради лошите резултати и само едната оставрена победа на единаесетте мечеви во досегашниот дел од шампионатот, а за негов наследник го именуваше Шевченко, има кое е многу познато во фудбалските кругови.
Андреј по импресивната играчка кариера во која играше за Динамо Киев, Милан и Челси одлично ја водеше селекцијата на Украина за да сега се впушти во прв клупски предизвик.
Тој потпиша договор до 30 јуни 2024 година, а дебито ќе го има против Рома на Жозе Мурињо на 21 ноември.