Кујнските крпи често и лесно се валкаат, а многу потешко мрсните дамки излегуваат од нив.
Ова се некои трикови кои ќе ви помогнат да ги исперете крпите и отсраните сите дамки од нив.
Сода бикарбона
Ставете на секоја дамка по една лажичка сода бикарбона, малку ставете вода, протријте и оставете да отстои преку ноќ. Потоа исперете ги во машина.
Перење во сол
Во длабок сад ставете пет литри вода и пет лажици сол, добро измешајте и ставете ги крпите. Оставете да преноќат, извадете ги и исперете на рака или во машина. Ќе се изненадите од резултатот.
Перење со оцет
Исперете ги крпите на вообичаен начин, па во подлабок сад ставете вода и оцет. Вода треба да има двојно повеќе од оцет. Оставете да отстојат крпите 15 минути и повторно исперете ги.