Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, предизвика лавина реакции со нејзиното појавување на инаугурацијата на Трамп. Но, според новите наводи, таа е имуна на бројните критики кои го преплавија интернетот.
„На Лорен воопшто не и е грижа. Таа прави што сака“, коментира еден од нејзините пријатели за „Пејџ Сикс“.
Jeff Bezos future wife Lauren Sanchez is incredibly inappropriately dressed for a state occasion. Someone should have told her that having her white lace bra out on display is not acceptable. pic.twitter.com/MvwyvuI6R3
— Brittany Gadoury (@brittanygadoury) January 20, 2025
Поранешната новинарка на инаугурацијата на Трамп дојде облечена во бел мантил. Таа ја шокираше јавноста откако го соблече палтото и се појави во бел костим под кој се гледаше бел градник од тантела, што многумина го сметаа за несоодветна облека за историскиот настан.
Текстот Откриено што мисли вереницата на Безос за критиките за нејзината облека на инаугурацијата е превземен од МАКФАКС.