Полицијата во Неготино откри импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци. Поднесена е кривична пријава и одреден е притвор против едно лице.
На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш.
Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнание за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Судот му определи притвор во траење од 30 дена и лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.
Текстот Откриена импровизирана лабораторија за производство на дрога во Неготино е превземен од МАКФАКС.























