Се појавија нови објаснувања за тоа зошто Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведоа по две години брак, пишува Пипл.
Пред се, славните личности ја „изладиле“ врската поради далечината, бидејќи Џеј Ло во последните години многу патувала поради работа. Пејачката и актерка се впуштила во активни деловни договори веднаш по нејзиното второ обединување во врска со Афлек, во 2021 година. Само за две години таа била вклучена во осум филмови, а и често била дел од музичкиот тим за нив.
И не само тоа – во периодот откако била заедно со Афлек, снимила и бројни рекламни кампањи, меѓу кои за Coach, ја промовирала својата линија JLO Beauty, го лансираше коктел брендот Delola и притоа не пропуштала ниту модни ревии, како онаа во Париз, модни настани како Мет Гала и слично.
Од друга страна пак, Бен Афлек сакал поголема приватност и стабилно семејство, што не успеал да го создаде со експонираната сопруга.
„Џенифер потроши многу време на промовирање на нејзиниот филм „Омажи се за мене“ од 2022 година. Таа глуми во овој романтичен филм со Овен Вилсон. Следен беше филмот Мојата пиратска свадба со Џош Духамел, исто така во 2022 година. Конкретно, таа го продуцираше проектот. Во 2023 година, Џеј Ло работеше на филмот „Мајка“. Потоа се посвети на документарните филмови “This Is Me… Now” и The Greatest Love Story Never Told“ – вели изворот за Пипл, нагласувајќи дека неа ја интересирала заработувачката и популарноста која особено ја добила со бракот со Афлек, додека тој сакал дом и помирни деловни ангажмани.
Токму ова ја објаснува и причината зашто Џеј Ло се повлече од најавената турнеја кога бракот веќе беше разнишан. Но, очигледно „се расвести“ многу доцна, објаснува изворот за Пипл.