Поранешната прва дама Мишел Обама нема да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари, а откако почнаа гласините за развод со Барак, американските таблоиди излегоа со, како што велат, „вистинските причини“. Според изворите, Мишел е решена да остане доследна на своите верувања и да не учествува во настани кои не се во согласност со нејзините вредности.

Така, таа нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп бидејќи тоа би било во спротивност со нејзините верувања.

Оваа одлука е во спротивност со неодамнешните напори на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Барак Обама, кој се обидува да покаже единство на различни начини. Барак неодамна беше виден на погребот на поранешниот претседател Џими Картер како срдечно разговара со Трамп, а моментот на нивниот близок разговор предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Извор близок до Мишел изјави за „Пејџ Сикс“ дека поранешната прва дама нема потреба да биде присутна на инаугурацијата или да одржува површни односи со Трамп. „Мишел никогаш не била неискрена или површна. Секогаш внимавала каде се појавува и зошто. Нејзиното отсуство на инаугурацијата јасно кажува се што треба да се каже”, рекол изворот.

Поранешната прва дама е позната по своите отворени ставови, а нејзината одлука да не присуствува на овој настан натера многумина да се запрашаат – што вели ова за нејзиниот сопруг, кој се труди да одржи пристојни и срдечни односи со Трамп и покрај нивните политички разлики?

Трампови не присуствуваа на инаугурацијата на Џо Бајден во 2021 година, со што ја прекинаа традицијата поранешните претседатели и нивните сопружници да учествуваат на церемониите за инаугурација на нивните наследници, дури и кога припаѓаат на спротивната политичка партија.

Барак Обама е потврден како учесник на овогодинешната инаугурација, додека Мишел реши да не се оправдува за своето отсуство. Претходно, нејзиното отсуство од погребот на Картер беше образложено со „конфликт за распоред“, но во овој случај не беше наведена официјална причина.

Текстот Откриена „вистинската причина“ зошто Мишел Обама нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп е превземен од МАКФАКС.