Освен со авиони и возила, граѓаните на Косово веќе почнаа да се движат без визи во Шенген зоната и со транспортни возила. Неколку автобуси полни со патници заминаа од автобуската станица во Приштина. Оние кои патуваа го поздравија укинувањето на визите од 1 јануари, но се пожалија дека цените на билетите се високи.
„Многу сум среќен и задоволен, сега луѓето можат да патуваат во Европа за да видат како е таму. Овие гледам околу 200 евра за билет, но ќе видиме, можеби е и поевтино“, рече Даут Красниќи, патник.
„Го чекавме со нетрпение и задоволни сме, сега можеме слободно да патуваме, но малку ги отежнаа условите за косовски стандарди. Но, можеби визите ќе ни олеснат затоа што повеќето одат. Оној кој има некого во странство им помага, им праќа пари. Сега кога го пратив внукот за Италија, повратниот билет беше 140 евра“, додаде Ќазим Бериша, патник.
„Многу сме среќни бидејќи членовите на семејството ќе ни доаѓаат на гости. Со авион билетите се многу скапи, а со автобус се 70 евра“, нагласи Аугутон Лимани, патник.
Од автобуските агенции вели дека граѓаните сè уште не ги знаат правилата за патување без визи.
„Имаме обврска на сите да им објасниме што е потребно, како треба и какви документи се потребни за патување. Бројот на патници се зголемува, некој оди да посети некого, но има раст, има побарувачка. Цените на билетите се разликуваат од земјата и градот, најблискиот град Трст е 50 евра“, изјави Гранит Веселај, автобуска агенција.
Укинувањето на Шенген визите им овозможува на граѓаните на Косово кои имаат биометриски пасоши во зоната да престојуваат до 90 дена во рок од шест месеци во која било од 27-те земји-членки на Шенген, освен во Шпанија, која не ги признава ни косовската независност, ни косовските пасоши./Алсат.мк