Големата награда на Валенсија на патеката „Рикардо Тормо“ дефинитивно е откажана откажана по катастрофалните поплави во кои животите ги загубија повеќе од 200 луѓе.

Дорна и ФИМ ја донесоа одлуката на состанокот на комитетот за безбедност на патеката Сепанг во Малезија во петокот попладне.

Традиционално Мото ГП сезоната завршува во Валенсија, годинава требаше да се одржи од 15. до 17,.ноември.

Нема да биде лесно да се одреди кој ќе биде организаторот на последниот викенд од натпреварувањето, а извесно е дека ќе се одржи по тој датум од логистички причини.

„Мото ГП е со заедницата на Валенсија по катастрофалните поплави во областа. Нашите срца се со сите оние кои настрадаа и кои изгубија многу“, стои во објавата на Дорна во врска со страшните вести од Шпанија.

Инаку неколку Дорна има неколку опции: Катар, Херез, Арагон, Каталуња и Портимао.

Лидер во кралската класа е Шпанецот Хорхе Мартин (Прамак Дукати) со 453, додека Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) кој цели кон третата последователна титула има 17 бодови помалку.

Текстот Откажана ГН на Валенсија поради катастрофалните поплави е превземен од МАКФАКС.