При напад на непријателски беспилотни летала во Одеса, парче од соборено беспилотно летало паднало врз висококатница , предизвикувајќи пожар, изјави шефот на регионалната воена управа на Одеса, Олех Кипер, пренесе Укринформ.
Првиот човек на РВУ нагласи дека нападот се уште трае. Тој ги повика граѓаните на Одеса и жителите на регионот да не ја занемаруваат безбедноста и да останат во засолништа.
Според извештаите на терен, во голем број региони на Украина е забележано движење на нападни беспилотни летала лансирани од руски војници од северниот и јужниот правец.
Д. Т.