Министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека нема нови моменти во преговорите со Бугарија, нагласувајќи дека се чека на консолидирање на ставовите во бугарската влада.
„Топката е во Бугарија и таму треба да се консолидираат ставовите по однос на тоа, што понатаму. Ние го кажавме тоа што имавме на сите средби дури и го формализиравме во различни документи. Ние не работиме на нешто ново, од тоа што досега го разговараме, туку очекуваме Република Бугарија да има консолидиран став во владата по однос на тоа, што понатаму“, рече Османи.
Прикажи повеќе