Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи одржа прес-конференција на која кажа дека изборите завршиле успешно, и тоа е политички успех на целата земја.

„Според информациите, изборите завршија успешно. Имаше мали технички недостатоци, но не го попречуваа процесот. Тоа е политички успех, кој послужи да го потврдиме имиџот на Северна Македонија како политички зрела демократија, земја која неслучајно е членка на НАТО и претендира да биде член на ЕУ.

Честитки до граѓаните за изборниот процес. Ја искористија својата граѓанска можност, изборите и изборот на политичарите е најдемократскиот процес.“, рече Османи.