Актерката Мајки Медисон минатиот викенд постигна неверојатен успех – го освои Оскарот за најдобра актерка во филмот „Анора“. Покрај освоениот Оскар, многу се коментираше и нејзината одлука да не користи координатор за интимни сцени за време на снимањето на филмот.

Во филмот „Анора“, Мајки Медисон ја портретира Ани, сексуална работничка која добива шанса за живот од бајките кога ќе се сврши со син на руски олигарх. Меѓутоа, кога родителите на младоженецот дознаваат за врската, доаѓаат во Њујорк за да го спречат бракот.

Филмот изобилува со експлицитни сцени, а многу критичари истакнаа дека присуството на координатор за интимни сцени е неопходно, не само поради секс сцените, туку и поради сложената врска помеѓу нејзиниот лик и темата на филмот.

Медисон, сепак, свесно ја отфрли таа опција. Зборувајќи за Actors on Actors, кога разговараше со Памела Андерсон, таа ја објасни својата одлука.

„Тоа беше моја одлука. Режисерот и екипата ми понудија координатор за интимните сцени, но Марк Ајделштајн, кој го игра Иван, и јас решивме дека е најдобро да биде едноставно”, изјави Медисон.

Таа истакна дека знае каков стил на филмски режисер сака да постигне Шон Бејкер и додаде дека верува во неговата визија.

„Мојот лик е сексуална работничка, а и претходно сум ги гледала филмовите на Шон и знам колку му е важна автентичноста. Бев подготвена за тоа. Како актерка пристапував професионално”, додала таа.

Иако оваа одлука предизвика различни реакции, тоа не ја спречи Медисон да ја освои најпрестижната филмска награда. Филмот „Анора“ беше голем победник на вечерта, а покрај наградата за најдобра женска улога, доби и Оскар за најдобра монтажа, оригинално сценарио, режија и најдобар филм.

Во својот емотивен говор Медисон ја истакна важноста на заедницата на сексуалните работници и им ја посвети својата победа.

„Сакам да ја признаам и да ја почитувам заедницата на сексуалните работници. Ќе продолжам да ги поддржувам и да бидам нивен сојузник. Сите неверојатни жени кои имав можност да ги запознаам за време на снимањето на овој филм го направија ова искуство уште поспецијално”, рече таа.

Оваа победа ја направи деветтата најмлада победничка во таа категорија во историјата и најмладата во последните 12 години, откако Џенифер Лоренс го освои Оскарот за Silver Linings Playbook на 22-годишна возраст.

Текстот Оскаровката Медисон проговори за секс сцените: „Бев подготвена за тоа“ е превземен од МАКФАКС.