Кејти Пери и Орландо Блум неодамна објавија дека се разделуваат, а сега покажуваат колку уживаат во тоа што се заедно.

Пејачката Кејти Пери и актерот Орландо Блум неодамна потврдија дека се разделиле по девет години.

Актерот сега објави серија фотографии од семејно патување на Инстаграм, од кои на една е Кејти.

Имено, фотографиите се направени на јахта, а Орландо позираше со Кејти, нивната ќерка Дејзи Дав и неговиот четиринаесетгодишен син Флин, кого го доби со Миранда Кер.

Овие фотографии предизвикаа бројни коментари, од кои повеќето беа оние кои велеа дека Кејти и Орландо се доказ дека дури и по раскинувањето, може да се остане во добри односи.

Текстот Орландо Блум ја објави првата фотографија со Кеjти Пери по раскинувањето: уживаа на јахта е превземен од МАКФАКС.