Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, повторно проговори за обидите да се запре војната меѓу Русија и Украина.

Орбан, долгогодишен сојузник на Владимир Путин, рече дека „ризикот од Трета светска војна може да се намали само со средба меѓу Трамп и Путин“.

Во исто време, тој му противречеше на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој претходно изјави дека процесот на членство на Украина во ЕУ треба да се забрза.

„Потврдено е дека членството на Украина во Европската унија не обезбедува безбедносни гаранции; затоа, поврзувањето на членството и безбедносните гаранции е непотребно и опасно“, напиша Орбан на социјалните медиуми.

Тој додаде дека Унгарија ги поздравува чекорите договорени во разговорите меѓу Трамп и Путин и го поддржува продолжувањето на преговарачкиот процес, со акцент на одржување на втора средба меѓу претседателите на САД и Русија.

„Исто така, на дневен ред ја држиме унгарската иницијатива Унијата да предложи одржување на европско-руски самит што е можно поскоро“, рече Орбан.

Текстот Орбан: Само Трамп и Путин можат да го намалат ризикот од Трета светска војна е превземен од МАКФАКС.