Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во официјална посета на Кијив за првпат од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, објави портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на социјалната мрежа Х, пренесува Укринформ.
„Виктор Орбан пристигна во Кијив утрово за да разговара за европскиот мир со претседателот Володимир Зеленски“, напиша тој.
Ковач додаде дека шефовите на држави ќе разговараат за можностите за постигнување мир, како и за актуелните прашања од унгарско-украинските билатерални односи.
Како што објави Укринформ, Унгарија на 1 јули ја презеде палката од белгиското претседателство со ЕУ и ја презеде организацијата на Советот на ЕУ во следните шест месеци.
Подготви: Д. Мишев