Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека подготовките за состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Будимпешта продолжуваат, иако самитот беше привремено одложен поради одбивањето на Москва да прифати прекин на огнот во Украина, јави Ројтерс.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека барањето за итен прекин на огнот е спротивно на договорите постигнати на претходниот самит на Алјаска, предлагајќи наместо тоа привремено примирје.
„Министерот за надворешни работи Петер Сијарто е во Вашингтон. Подготовките продолжуваат, датумот сè уште е неизвесен. Кога ќе дојде време – ќе се одржи.“
Трамп, кој претходно најави средба во обид да го прекине војниот конфликт, изјави дека не сака да одржи „бесмислен состанок“, но најави дека во следните два дена ќе има нови информации.
Орбан, долгогодишен сојузник на Трамп, одржува и блиски односи со Москва, што често го става во судир со Европската унија.
Текстот Орбан: Подготовките за самитот Трамп-Путин во Будимпешта продолжуваат е превземен од МАКФАКС.