Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека договор за миграцијата на самитот на лидерите на ЕУ е невозможна мисија. Тоој ова го изјави на 6 октомври во пресрет на самитот кој се одржува во Шпанија, откако неговата земја беше надгласана претходно оваа недела за различно прашање поврзано со миграцијата.
Во средата, доволно мнозинство од земјите членки на ЕУ постигнаа компромис за идните правила за случај на особено голем број пристигнувања на мигранти. Унгарија и Полска не го поддржаа договорот. Во договорот е предвидена ревизија на правилата за азил и миграција на блокот пред паневропските избори следната година.
„Ако сте силувани легално, принудени да прифатите нешто што не ви се допаѓа, како би сакале да имате компромис? Политички, тоа е невозможно. Не денес, генерално кажано, за следните години”, рече тој при пристигнувањето на состанокот во Гранада.